среда, 27 ноември 2024

Супер тајфунот Јаги денеска го погоди северен Виетнам, има жртви (ВИДЕО)

Супер тајфунот Јаги денеска го погоди северен Виетнам, властите ги евакуираа загрозените заедници и наредија затворање на аеродромот.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Тајфунот Јаги ги погоди виетнамските крајбрежни провинции Куанг Нин и Хаи Фонг со брзина на ветер до 149 километри на час, објавија државните медиуми.

Според извештаите, пред ударот на тајфунот, силен ветер соборил дрво, убивајќи една жена во главниот град Ханој.

Тајфунот предизвика прекин на електричната енергија во големи делови од провинциите Куанг Нин и Тај Бин, пренесува Асошиејтед прес.

Владата претходно издаде повеќе предупредувања, оние на кои им се заканува поплава или лизгање на земјиштето се евакуирани.

Затворени се четири аеродроми, вклучувајќи ги Ханој и Хаифонг.

Во Куанг Нин се наоѓа заливот Ха Лонг, кој е под заштита на УНЕСКО, познат по многуте високи варовнички острови, стотици патувања до заливот беа откажани пред да го погоди тајфунот.

Јаги, кој виетнамските метеоролошки власти го опишаа како „еден од најсилните тајфуни во регионот во изминатата деценија“, стигна до југоисточна азиска земја откако две лица ги загубија животите во Кина поради невреме, стотици беа повредени.

Се очекува супер тајфунот да го погоди Лаос подоцна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ