сабота, 19 октомври 2024

Судскиот буџетски совет ја отповика одлуката за исплата на додатоци на плата, Бесими не дава пари за судската администрација

Објавено на

часот

Сподели

Судскиот буџетски совет (СБС) сметал дека вработените во судството биле преоптоварени со работа па затоа решил да им ги исплати додтоците на плата, причинина поради која судската администрација веќе извесен период штрајкува.

Судскиот буџетски совет ја донесе наведената одлука имајќи ја во предвид преоптовареноста во работењето на судската администрација, вработените во ССРСМ и Академијата за судии и јавни обвинители, како и нивните барања односно најавите за штрајк, како и фактот дека правото на додаток на плата е утврдено согласно важечките законски одредби

Дополнително СБС сметал дека судските служби не треба да бидат поделени туку сите треба да добијат иста сума на додатоците на платата.

За да го направт тоа од СБС испратиле допис до министерството за финансии од кое побарале пренамена на парите од Буџетот за да може да ги исплатат додатоците на плата кои им следуваат на вработените во судската администрација.

Но една недела подоцна односно вчера, Судскиот буџетски совет на итна седница решил претходно донесената Одлука за исплата на додатоци на плата да не важи односно да биде ставена вон сила. Причина за ова е негативниот одговор што го добиле од Министерството за финансии со кое не се дозволува пари од Судскиот буџет да бидат пренаменти за исплата на додатоците на плата.

„По разгледување на одговорот од Министерството за финансии и даденото образложение од страна на претставникот од истото министерството дека во буџетот на судската власт нема фискален простор за исплата на додатоци на плата за месец јуни, со објаснување дека согласно прописите од буџетското работење не треба да се преземаат обврски над лимитот од одобрените средства со буџетот Судскиот буџетски совет усвои Одлука за ставање вон сила на Одлука од 7 јули 2023 година и Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јуни 2023 година за судските службеници, вработените во Судскиот совет и во Академијата за судии и јавни обвинители“, велат од СБС.

Оттаму велат дека членовите на Судскиот буџетски совет максимално се заложиле да најдат начин согласно закон преку пренамена да обезбедат средства за исплата на додатоци на плата за вработените во судството, имајќи ја во предвид преоптовареноста во работењето на судската администрација, вработените во Судскиот совет и во Академијата за судии и јавни обвинители, нивните барања, како и фактот дека правото на додаток на плата е утврдено согласно важечките законски одредби.

„Меѓутоа, и покрај заложбите на членовите на Судскиот буџетски совет,  Министерството за финансии како надлежен орган не даде согласност за бараните пренамени со цел обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јуни 2023 година“, велат од СБС.

Според законот, Судскиот буџетски совет е дел од Буџетот на Република Македонија но е издвоен како посебен дел означен со “Судска власт”.

„Делот на средствата „Судска власт” во Буџетот на Република Македонија, потребни за функционирање на единките корисници, се утврдува во износ од најмалку 0,8 отсто од бруто домашниот производ, а во согласност со критериумите утврдени од Судскиот буџетски совет, врз основа на фискалната политика и главните параметри за процена на приходите и трошоците. Во случај на ребаланс на буџетот на Република Македонија не може да се намалуваат средствата наменети за финансирање на судската власт. Средствата од делот “Судска власт”, Судскиот буџетски совет ги распределува на единките корисници. Во рамките на судскиот буџет се утврдуваат средства за непредвидени случаи како постојна и тековна резерва кои не можат да надминат 2 отсто од тековните расходи на судскиот буџет“, пишува во Законот за судски буџет.

На почетокот на јуни Судскиот буџетски совет тргна од дневен ред и не одлучуваше по прашањето за исплата на додатоци на плата на вработените во судската администрација и АСЈО. 

                                                                                                                                                           И.О.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ