сабота, 19 октомври 2024

Судската администрација во Струга и Штип излезе на протест со барање за поголеми плати

Објавено на

часот

Сподели

„Над 90 проценти од вработените во судската служба земаат плата под просечната плата. Земаат во распон меѓу минималната и просечната плата. Многу мал дел земаат просечна плата, на една рака можат да се избројат раководните службеници, кои земаат малку повеќе од просечната плата“, вели Тасева.

Посочува дека разликата во платите меѓу судските службеници и судиите досега е највисоко ниво. Инфлацијата и цените на производите влијаат и врз намалување на животниот стандард врз овие службеници. Затоа бараат под итно зголемување на платата на вработените во судските служби за 30%, поради спецификата, сложеноста на работата.

Штип

Судските службеници поради тоа што судската ферија почнува од 15 јули а завршува на 15 август со протестите ќе продолжи по 15 август. 

Од причини што од Министерството за финансии не ни се удоволени барањата за зголемување на платата, за исплата на додатоци и исплата на разлики на додатоците за период кога додатоците ги исплаќаа без да биде пресметан минатиот труд, Управниот одбор на ЗСА донесе одлука протестот да продолжи. Барањата се да се зголеми платата од најмалку 30 отсто, да се направи исплата од најмалку 25 отсто на име додатоци на плата, да се исплати разликата на додатоците за период кога додатоците ги исплаќаа без да биде пресметуван минатиот труд“, се вели во известувањето  кое е испратено од Здружението на судската администрација до судовите. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ