Новинската агенција Тасс денеска јави дека руското Министерство за правда го додаде Грозев на својата листа на „странски агенти“.
„Судот му определи двомесечен превентивен притвор за Грозев. Притворот започнува од моментот на екстрадиција на руска територија, односно од моментот кога ќе ја помине руската државна граница и ќе биде екстрадиран“, соопштија од судот.
Грозев е водечки новинар кој покрива настани во Русија за истражувачката новинска група Белингкет. Тој одигра клучна улога во нејзината истрага за труењето на опозицискиот политичар Алексеј Навални и пишува за агресијата на Москва против Украина.