среда, 6 ноември 2024

Победничкиот говор на Родри, добитникот на „Златната топка“ испрати и порака за младата генерација

Фудбалерот на Манчестер Сити и шпанската репрезентација, Родри синоќа ја доби престижната награда „Златна топка“ иако многумина очекуваа таа да заврши во рацете на Винисиус.

Објавено на

часот

Сподели

Родри на сцената имаше моќен говор кој воодушеви многумина, особено беше важен крајот во спомена како во младоста го променил менталитетот и испрати порака до новите генерации.

„Сакам да им се заблагодарам на сите кои гласаа за мене, на сите кои веруваа во мене, на Франс Фудбал, на УЕФА… Ова е голем ден за мене, но не само за мене, ова е голем ден за моето семејство, за мојата земја. Сакам да ѝ се заблагодарам на најважната личност во мојот живот, на мојата девојка со која денеска славиме осумгодишнина, без тебе овој пат немаше да можам да го изодам“, го почна Родриго говорот по добивањето на „Златната топка“.

„Му благодарам на моето семејство за вредностите кои ми ги всади, затоа што ми помогнаа од најмали нозе и ми овозможија да ги направам вистинските чекори. Им благодарам на моите пријатели. Фудбалот е колективен спорт, па без моите соиграчи од Сити и Шпанија немаше да ја добијам оваа награда. Без соиграчите немаше да дојдам до ова. Благодарност и до репрезентацијата, до селекторот Луис, а сакам да го споменам и Карвахал кој заработи идентично тешка повреда како мене и тој заслужи денеска да биде тука со мене“.

„Ќе издвојам едно момче кое набрзо ќе биде тука на моето место, тоа е Ламин Јамал. Ова не е моја победа, ова е победа за шпанскиот фудбал, за сите играчи кои не ја освоија „Златната топка“ а го заслужија тоа. Иниеста, Чави, Касилјас, Бускетс, ова е за нив и за шпанскиот фудбал. Ова е и за мојата позиција, денеска ми пишаа голем број пријатели и ми порачаа дека фудбалот победил, денеска се осветлија играчите од средниот ред кои често знаат да бидат во сенка“.

„На крај ќе кажам една анегдота. На 17 години тргнав да си го остварам сонот и отидов во Виљареал. По тешкиот период еден ден кажав „Доста ми е“. Се сеќавам дека со плачење му се јавив на татко ми и имав чувство дека е готово за мене. Чувствував дека сонот ми се руши, дека се е завршено. Но, тој ме прекина и ми рече: „Ако сме стигнале до тука, нема да се откажеме“. Од тој момент ми се промени менталитетот. Покажавме дека едно нормално момче кое студира, кое не држи до стереотипите за модерен фудбал, може да стигне на највисокото скалило, тоа е мојата порака за младата генерација“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ