понеделник, 11 ноември 2024

Меѓународен тендер за изградба на регионална депонија во Мечкуевци

Меѓународниот тендер за изградба на регионалната депонија во близина на светиниколското село Мечкуевци е распишан на 18 октомври, изјави Ана Мазнева-Каранфиловска од Mинистерството за животна средина и просторно планирање.

Објавено на

часот

Сподели

Изградбата на новиот современ систем за депонирање на отпад опфаќа вкупно 18 општини од Источниот и Североисточниот регион и Општина Свети Николе, која е дел од Вардарскиот регион. Изградбата на депонијата треба да чини 40 милиони евра, средствата се обезбедени од фондовите на Европската Унија.

Регионалната депонија ќе треба да опслужува околу 370.000 жители од двата региони и би имала вкупен капацитет да прими 900.000 метри кубни отпад. Предвидени се да бидат изграден претоварни станици за отпад во шест општини, а во Мечкуевци да биде главната постројка каде отпадот ќе се преработува по европски стандарди. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ