четврток, 24 октомври 2024

Судот во март ќе одлучи дали телото ќе ѝ биде предадено на мајката на Навални

Судот во рускиот град Салехард најави дека на 4 март зад затворени врати ќе одлучи за барањето на Људмила Навални (69), мајката на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, да ѝ биде предадено телото на нејзиниот син, кој почина во затвор во петокот на 16 февруари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Људмила Навална од саботата се обидува да дојде до телото, за кое тврди дека не знае каде е. Таа побара од рускиот претседател Владимир Путин да ѝ го предаде телото, за да може достоинствено да го погребе својот син.

„Петти ден не можам да го видам. Не сакаат да ми го предадат неговото тело. Не ми кажуваат ни каде е. Решението за овој проблем зависи исклучиво од Вас. Дозволете ми конечно да го видам мојот син. Барам телото на Алексеј веднаш да ми биде предадено, за да можам да го погребам како човек“, вели Људмила Навална во видеопораката до Путин.

Властите тврдат дека причината за смртта на Навални сѐ уште не е позната и одбиваат да го предадат телото во следните две недели, бидејќи, како што велат, се води истрага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ