Људмила Навална од саботата се обидува да дојде до телото, за кое тврди дека не знае каде е. Таа побара од рускиот претседател Владимир Путин да ѝ го предаде телото, за да може достоинствено да го погребе својот син.
„Петти ден не можам да го видам. Не сакаат да ми го предадат неговото тело. Не ми кажуваат ни каде е. Решението за овој проблем зависи исклучиво од Вас. Дозволете ми конечно да го видам мојот син. Барам телото на Алексеј веднаш да ми биде предадено, за да можам да го погребам како човек“, вели Људмила Навална во видеопораката до Путин.
Властите тврдат дека причината за смртта на Навални сѐ уште не е позната и одбиваат да го предадат телото во следните две недели, бидејќи, како што велат, се води истрага.