сабота, 26 октомври 2024

Суд во Пакистан осуди жена на доживотен затвор поради палење на Куранот

Суд во Пакистан осуди муслиманка на доживотен затвор откако беше прогласена за виновна за палење страници од Куранот, соопшти денеска обвинителот.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според пакистанскиот закон, секој што ќе биде прогласен за виновен за навреда на религијата или верски личности може да биде осуден на смрт, но изрекувањето на таквата казна може да предизвика немири, пренесува АП.

Државниот обвинител Мохазиб Авеис изјави дека обвинетата Асија Биби била уапсена во 2021 година под обвинение за богохулење, откако очевидци сведочеле дека таа го сквернавила Куранот со палење страници од светата муслиманска книга.

Авеис рече дека Биби, која има право на жалба, ги негирала обвиненијата за време на судењето.

Христијанка во 2019 година во Пакистан беше ослободена од обвиненија за богохулење, после осум години чекање да биде погубена.

По ослободувањето, таа се преселила во Канада за да избега од смртните закани што ги добивала од исламски екстремисти.

Претходно овој месец, судот во Гујранвала, провинцијата Пенџаб, осуди 22-годишен студент на смрт и еден тинејџер на доживотен затвор во два одвоени случаи, откако биле прогласени за виновни за навреда на исламскиот пророк Мухамед.

Пакистанските и меѓународните групи за човекови права тврдат дека обвиненијата за богохулење често се користат за заплашување на верските малцинства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ