сабота, 26 октомври 2024

Студено и ведро утро, преку ден сончево

Времето наутро ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини, апреку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје утрото студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во наредните денови, како што соопштија од УХМР, продолжува периодот на стабилно време со студени утра и со услови за појава на утринска магла или ниска облачност по одделни котлини. Дневната температура ќе биде без значителни промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ