сабота, 26 октомври 2024

Стружанец, водач на наркогрупа, уапсен во Тирана

Македонскиот државјанин В.Е.(32) од Струга е уапсен на меѓународниот аеродром во Тирана, врз основа на меѓународна потерница. Уапсен бил пред летот за Базел, Швајцарија од аеродромската полиција, како резултат на размена на информации меѓу Интерпол Тирана и Интерпол Скопје.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„Се смета за водач на криминална нарко-група од Струга. При полициска акција на 24 ноември 2023 година на подрачјето на општина Струга од 22 лица кои биле дел од нарко групата, 19 се уапсени, а три лица, меѓу нив и В.Е. избегале. Тој пред полициската акција бил информиран и успеал да побегне, наведува абцњуз.ал.

Одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, со цел да биде екстрадиран во Македонија, за што правосудните органи во Албанија ќе го чекаат барањето од македонските власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ