сабота, 26 октомври 2024

Струмичанец избегал од затвор, извршил четири кражби, а чувал и марихуана

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица го лишиле од слобода Г.П. од село Ангелци, струмичко, кој се барал со централна потерница заради бегство од струмичкиот затвор.

Објавено на

часот

Сподели

Како што сопштија од СВР Струмица, при апсењето кај него била пронајдена марихуана, а во службен разговор признал дека лани во декември и јануари годинава на подрачјето на Струмица извршил четири кривични дела тешка кражба и едно кривично дело кражба.

За настанот бил известен јавен обвинител од ОЈО Струмица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ