недела, 21 јули 2024
ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Предлог на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на ДДВ за струјата и за храната

Објавено на

часот

Сподели

Предложените измени предвидуваат: Ослободување од ДДВ на производите за човечка исхрана. Со оваа мерка цените на прехранбените производи веднаш ќе се намалат за минимум 5%. Сметаме дека ова решение е неопходно по завршувањето на мерките со кои беа ограничени цените на прехранбените производи. Со нашето предлог решение оставаме можност Владата сама да определи кои производи ќе бидат ослободени од ДДВ. Враќање на стапката на ДДВ за струјата на 5%, наместо најавените 18%. Доколку не се ефектуира нашиот предлог, од 1 јули граѓаните ќе плаќаат поголеми сметки за струја за најмалку 8%. Во моментов стапката на ДДВ е 10%, а од први јули таа ќе се зголеми на 18%, а ние со ова предлог законско решение предлагаме таа да се намали и веднаш да биде 5%.

Инфлацијата за месец мај 2023-та година повторно е двоцифрена и изнесува 11,3%, а кај храната е уште повисока и изнесува 14,6%. Но, важно е да потсетиме дека лани во мај инфлацијата исто така беше двоцифрена и изнесуваше 11,9%, а кај храната огромни 17,9%.

Ова е драстичен пораст на цените за само 2 години и токму затоа сѐ поголем број на граѓани се сиромашни, а семејниот буџет сѐ попразен.

Предлозите на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ се резултат на барањата на граѓаните кои ја плаќаат неспособноста и криминалот предводен од оваа владина коалиција.

Ги охрабруваме пратениците на СДСМ и ДУИ да не ги слушаат своите раководства и час поскоро, уште на утрешната седница да ги донесеме овие предлог измени во интерес на граѓаните“, рече Стојаноски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ