вторник, 26 ноември 2024
ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Како Каевски набилда 4 милиони на 30 години, дали ЈО го има одговорот?

Дарко Каевски ниту еднаш не одговори во јавност како со првото вработување, како партиски подмладок за директор на АМС, на 30 години набилда четири милиони денари во банка и сопствен стан? СДС ниту еднаш не објасни како дојде до концептот голтари влезени во политиката, а потоа милионери. Одговорот е можеби во предметот на ЈО, изјави на денешната конференција за медиумите Наум Стоилковски, портпароил на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Почната е постапка за сомневања за противзаконско работење и злоупотреба, дека спортските федерации, клубовите и спортистите добивале ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите потоа да ги добие назад преку даночно ослободување.
Македонија тоне во корупција и криминал, тоне во партизација, ликови како Дарко Каевски стануваат милионери, а неговите врсници се иселуваат од татковината.
Со вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ на изборите, ќе гласате ваквите ликови како Зоран Заев, Ковачевски, Венко Филипче, и нивните наследници како Дарко Каевски, да им биде испитан имотот и да одговораат за евентуални злоупотреби. Промените се во твои раце, Македонија повторно твоја“, рече Стоилковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ