сабота, 19 октомври 2024

Стоилковска ја елиминираше првата носителка на турнирот во Шарм Ел Шеик

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска направи голем успех откако во првото коло на ИТФ фјучрс турнирот во Шарм Ел Шеик кој се игра за награден фонд од 15.000 долари, ја елиминираше првата носителка Адитиа Карунератне од Хонг Конг.

Објавено на

часот

Сподели

Македонската тенисерка по голема борба во меч со три сета кој траеше 2 часа и 52 минути дојде до големата победа.

Во првиот сет Карунаратне беше убедлива добивајќи го со 6-2. Во вториот Стоилковска беше подобра со 6-4 по што се израмнија во сетови 1-1.

Во третиот решавачки сет се играше тај-брејк кој го доби Стоилковска со 7-5.

Утре во меч од второто коло противничка ќе и биде Џулијана Бестети од Италија (26 години, 1061.место ВТА), која исто како и Стоилковска преку квалификации стигна до второто коло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ