На средбата биле разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со фокус на билатералните односи меѓу двете земји, како и зајакнување на соработката во полето на меѓуетничките односи.
„Двајцата соговорници се согласија дека имплементацијата на стратешките проекти подразбира зајакнување на суверенитетот на земјата, но и на ЕУ, особено заради интеграција на регионот во целина, како и дека добрата соработка меѓу владините институции е клучна за одржување на стабилноста и просперитетот“, соопштија од кабинетот на вицепремиерот и министер за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ.
Тој на новоименуваниот амбасадор Ле Риголер му посакал успешна дипломатска работа во земјава и воедно изразил благодарност за континуираната поддршка од Франција, особено во процесот на евроинтеграциите на Македонија и за заложбите за промоција на заедничките вредности, како што се еднаквоста, почитувањето на различностите и мултикултурниот дијалог.
Амбасадорот Ле Риголер истакнал дека Франција ќе продолжи да ја поддржува земјата на патот кон Европската Унија, но и во имплементацијата на стратешки проекти, нагласувајќи го значењето на заедничките иницијативи за унапредување на толеранцијата и соживотот меѓу различните заедници.