Како што пишува порталот, Стоилковиќ во интервју за Плусинфо вели дека во овој случај нема објективни критериуми, туку само политика.
„Станува збор за чиста политика. Луѓето се свесни и добро разбираат за што се работи. Претседателот Стево Пендаровски пред некој ден даде многу несериозна изјава кога рече дека евентуалниот конфликт на Косово нема да се прелее во Македонија. Па сега ќе го прашам претседателот, во случај на конфликт дали македонските Албанци би биле активно вклучени во настаните? И ако одговорот е да, тогаш како е можно Македонија директно да не е вклучена во конфликт во кој учествуваат нејзините граѓани и како е можно во таков случај Македонија да не ги наруши односите со Србија? Видовме што се случи кога Аљбин Курти пристигна во Македонија. Граѓаните не се глупави и многу добро знаат што се случува. Затоа политичарите треба да даваат изјави кои имаат барем елементарна логика. Не е сè чиста политика, но има и нешто во логиката“, рече Стоилковиќ.
Без соработка и добри односи со Србија, додава Стоилковиќ, перспективата на Македонија и на македонскиот народ е заматена и неизвесна, како и да се толкува оваа изјава.
„Логичната проверка на фактите целосно го потврдува сето она што го кажувам. Во спротивно, можеби АлМаКос би бил посериозна перспектива за Македонија и македонскиот народ, кога би се шегувале, се разбира. Прашањата мора да имаат објективни одговори, без шарени лаги и украси“, вели Стоилковиќ.
Претходно, министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека, ако се докаже дека Србија на било каков начин е вклучена во нападот во Северно Косово, тој мисли дека Македонија треба да го преиспита учество во иницијативата „Отворен Балкан“.