недела, 20 октомври 2024

Стигна утринскиот мраз, во Берово утрово минус 1 степен

Берово утрово беше најстудениот град во Македонија со измерени минус 1 стелен. Во Виница пак, беа измерени плус 10 степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Берово измерена е температура од минус еден степен, два степени во Битола, четири Скопје – Петровец, Тетово, Лазарополе, Струмица, пет во Прилеп, Демир Капија, шест во Маврови Анови, Крива Паланка, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Попова Шапка, седум во Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Охрид, Претор, Штип, девет во Крушево, а 10 степени се измерени во Виница, соопшти УХМР.

Во текот на денот ќе биде облачно со сончеви периоди, а максималните температури ќе се движат од 18 до 25 степени на југоистеокот од Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ