петок, 22 ноември 2024

Средношколците во 14 часот излегуваат на протест поради проблемите со градскиот превоз

Сојузот на средношколци соопшти дека активно ќе се приклучи во поддршка на протестот кој ќе се одржи попладнево за состојбата со  јавниот превоз и недостиг на автобуси во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Во допис до медиумите Сојузот нагласува дека бараат решение за проблемот кој е „горлив и сериозен“ затоа што  „особено ги засега средношколците, правејќи го секојдневното патување до училиштата низ градот сè потешко“.

„Протестот ќе почне 14:00 часот пред старата пошта во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14:30 часот. Како млади луѓе кои директно се засегнати, бараме итни и одржливи решенија за враќање на јавниот превоз и обезбедување еднаков пристап до образование за сите ученици“, истакнува Сојузот.

Во дописот додава и дека „останува посветен на застапување на правата и потребите на учениците и обезбедување дека нашите гласови ќе бидат слушнати за прашања кои го засегаат нашето образование и секојдневен живот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ