вторник, 26 ноември 2024
„Ако најдам време ќе разговарам со него“

Средбата меѓу Путин и Ердоган може да се одржи во септември

Објавено на

часот

Сподели

„Во септември е состанокот на Г20 во Индија и Генералното собрание на Обединетите нации во САД. Ако најдам можност во овој напорен распоред, ќе се сретнам и ќе разговарам со Путин приватно“, изјави денеска Ердоган за време на разговорот со новинарите во претседателскиот авион при враќањето од посетата на Унгарија.

За време на неговата еднодневна посета на Будимпешта по повод Националниот празник, Ердоган одвоено се сретна со неговата унгарска колешка Каталин Новак и премиерот Виктор Орбан и разговараше со нив за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните случувања.

Во врска со можните мировни преговори меѓу Русија и Украина, Ердоган рече дека се надева на резултати доколку рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласат Турција да посредува меѓу нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ