вторник, 26 ноември 2024

Средба Мицкоски – Макрон, тема одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ (ВИДЕО)

Македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, денеска, на маргините на самитот на Европската политичка заедница, во Унгарија се сретна со францускиот претседател, Емануел Макрон. За средбата, премиерот Мицкоски објави преку социјалните мрежи, на неговиот профил на Фејсбук.

Објавено на

часот

Сподели

„На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со францускиот претседател, Емануел Макрон. Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива. Ќе дадеме сѐ од себе да ги зачуваме државните и националните интереси“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Според т.н. француски предлог на преговарачката рамка на ЕУ за Македонија, усвоен за време на француското претседателство со Советот на ЕУ, во 2022 година, Македонија треба да спроведе уставни измени, т.е. да го внесе бугарското малцинство во Уставот, како услов за отворање на поглавјата во преговарачкиот процес. Актуелната македонска влада , од почетокот на мандатот се залага за одложено дејство на уставните измени и бара поддршка за таа идеја пред европските партнери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ