сабота, 28 септември 2024

Србија е елиминирана, Словенија оди во осминафинале

Србија мораше да победи, но одигра само 0-0 против Данска, немаше голови ниту на мечот меѓу Англија и Словенија.

Објавено на

часот

Сподели

Србите вечерва имаа само една опција за да продолжат понатаму, а тоа беше победа против Данска.

Во финишот од мечот Србите зголемија на офанзива, но тоа не беше доволно да го совладаат Шмајхел.

Еднаш се израдуваа на погодок, тоа беше автогол, но во акцијата за голот Митровиќ беше во офсајд.

Со ова реми, Србија го завршува настапот на последното место во групата.

Словенија направи голем успех откако одигра 0-0 против фаворитот Англија и како една од најдобрите четири третполасирани оди во осминафиналето.

Англија одигра уште еден разочарувачки натпревар, но на крајот успеа да го освои првото место во групата со пет освоени бода.

Интересно беше на табелата, Данска и Словенија се сосема изедначени на ова првенство. Двете селекции имаат по три бода, ист број на дадени и примени голови и ист број на жолти картони.

Данците поради подобар учинок во квалификациите го освоија третото место, но Словенија како една од најдобрите четири третопласирани исто така оди во осминафиналето.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ