понеделник, 25 ноември 2024

Спортскиот директор на Арсенал заминува од клубот

Бразилецот Еду кој ја извршуваше функцијата спортски директор во Арсенал, реши да си поднесе оставка, причините засега се непознати.

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал е во резултатска криза која го одалечи тимот од врвот на табелата во Премиерлигата. А, сега неочекувано се случува и оставка на спортскиот директор.

Во наредните 24 часа се очекува тој јавно да ја образложи причината за заминувањето од функцијата.

Еду на позицијата спортски директор е од 2019 година и е еден од најзаслужните што топчиите станаа конкурентни за титулата во Премиерлигата.

Тој е и поранешен играч на Арсенал и го носеше дресот на овој клубот во неговата најславна ера, на почетокот од новиот милениум кога таму играа суперѕвезди како Анри, Бергкамп, Виеира, Пирес, Адамс, Кол итн.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ