„Со нивна најава дека се крши духот на Договорот од Преспа овие претставници на најпредавничкиот период за македонската држава уште ги бранат неодбранливите и срамни понижувања кои токму тие ги создадоа.
Славењето на овој наметнат асиметричен договор на 6 години од неговото потпишување е само доказ дека историјата не го препозна како чин за меѓусебно помирување и градење стабилност во регионот. Останати се бројни нерешени прашања кои се основа за нови уцени и блокади од страна на јужниот сосед, а евроинтеграцијата станува се подалечна и комплицирана.
Неприфаќањето на писмото и духот на Договорт од народот во Македонија треба да е основа за преиспитување и репреговарање на овој договор во духот на демократска и рамноправна позиција на државите.
Социјалистичката партија на Македонија укажува на штетите од досегашната погубна антимакедонска политика на Заев и СДС со ДУИ и дека никој нема право и мандат да работи против интересите на државата Македонија, а за оставарување на лични лукративни цели за што мора да одговараат“, се вели во партиската реакција.