Социјалистичката партија на Македонија цени дека инсистирањето на Маричиќ за формирање тимови за продолжување на разговори и започнување на преговори е само можност СДС да ја развлече постапката до редовниот термин на избори за да го продолжи владеењето со ДУИ. Смислено и лажно ја затскрива одговорноста за неуспехот на ветувањата кон Бугарија за идентитетските и историските прашања. Истовремено навредува со ставот за потребен разговор во реални рамки, умислувајќи дека тоа што го предлага СДС е разумно и реално.
СПM предупредува дека се работи за прашања што СДС ги преземал во преговарчката рамка, со цел за бугаризација на Македонија, нешто што не може да го испорача и за што врши притисок врз опозицијата и преку медиумите шири лаги, еуфорија и невистини.
„Умислениот Маричиќ безсрамно и инфантилно заклучува дека доколку изостане некаков си разумен дијалог ќе се тргне во раговор и убедување на секој пратеник. Отворено го предупредуваме и СДС и очигледно виолентниот Маричиќ да не се дрзнат и да се осмелат на повторување на авантурата од 2018 година со директен притисок и поткуп врз пратениците. Ние благовремено предупредуваме на последиците од таквиот чин.
Очигледно овие апатридни ликови од власта ги потценуваат опозициските пратеници и нивниот одлучен став против уставните измени, но и се поголемиот отпор кај граѓаните.
Партиите од власта треба да се подготвуваат одговорност за неспособноста, криминалот и лошото и предавничко владеење“, се вели во соопштението на Социјалистичката партија на Македонија