петок, 18 октомври 2024

Создавањето услови за џезерите ги нарушува нашите услови, изјави директорката на Филхармонија

Објавено на

часот

Сподели

„Застанувам зад колективот зад единствениот став на сите вработени не само поради солидарноста, туку и поради реалната потреба, брендот на македонската култура да не биде предмет на експерименти. Оваа филхармониска генерација направивме уникатна и високо квалитетна програма, така и ќе продолжиме, но овие уметници се научени да работат во различни околности, затоа што ние сме со потврден квалитет и ќе работиме под секакви околности. Но, неприродно е да се создаваат услови за едни, на сметка на нарушени услови за други, така се задира во успешноста и на едните и на другите. И пак, никаде во светот во објект со планска намена за Филхармонија не функционира џез ансамбл“, посочи Ивановска.

 На конференцијата беше истакнато дека ја поздравуваат, односно поддржуваат одлуката за фомирање на оркестарот, но дека се непријатно изненадени од нетранспарентноста на Владата.

 Директорката рече дека била на состанок со министерката за култура, на која биле повикани и претставници од џез оркестарот, како и други вработени во Филхармонија.

„Откако ѝ ги објаснивме причините и последиците од ова взаемно функционирање на два сосема различни оркестри, ни вети дека ќе го смени делот во одлуката за сместување на Националниот џез оркестар во домот на Филхармонијата. Притоа, се договоривме, да не даваме изјави во медиуми до промената на одлуката, да не се изјаснуваме на социјални мрежи по ова прашање, за јавноста да не биде погрешно информирана. Но некои не се држеа до овој џентлменски договор кај министерката. Катадневно во јавноста пласираа невистини, дезинформираа, јавнаа на бранот на поддршката за институционализирање на ЗЏМ за што ние овде во Филхармонијата и со години се залагаме и со години ги поддржуваме и со години помагаме вклучително и јас лично. Непријатно сме изненадени од некои наши пријатели, колеги и соработници за манипулирањето на јавноста и медиумите“, рече директорката.

Лазаревски и Каракутовска ја демантираа информацијата дека здружението за џез музичари настапувало и творело во зградата на Филхармонија седум години.

 „Тоа е невистина, самата концертна сала функционира пет и пол години, не може тие да се седум години кога уште не беше изградена салата“, изјави Лазаревски.

 Тој Додаде дека зградата е проектирана и замислена како објект за еден симфониски оркестар.

 „Секоја просторија е планирана и измерена со цел ние сите вработените да можеме да ги исполниме нашите редовни обврски. Тоа значи дека во објектот има точен број на соби каде музичарите ги поминуваат работните часови групни и индивидуални, секоја соба е предвидена со специјални акустични мерења за секоја група и инструмент, во објектот имаме и четири гардероби кои се исполнети до последно место, и делот со администрацијата е исполнет и нототеката кубури со простор како и студиото. Реално не е возможно да функционираат два оркестра со годишна програма од Министерството за култура“, појасни Лазаревски.

„Никаде во светот во објект со планска намена за филхармонија не функционира џез ансамбл“, нагласи директорката на Филхармонија и им кажа на новинарите да се распрашаат дали во некоја реномирана филхармонија во светот работи и џез оркестар..  

На прес-конференцијата беа најавени и јавни протести доколку не се промени одлуката веќе со наредната владина седница.

 Претходно министерката за култура изјави дека станува збор за привремено сместување и дека не отстапува од одлуката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ