Тринаесет членки на Советот за безбедност на ОН гласаа „за“, ниту една не беше против, а САД и Русија беа воздржани.
Резолуцијата „повикува на итни чекори за веднаш да се овозможи безбеден, непречен и проширен хуманитарен пристап и да се создадат услови за одржлив прекин на воените дејствија“.
Ова е првпат од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел, Советот за безбедност на ОН да донесе резолуција која вклучува „прекин на непријателствата“, но сè уште не бара итен и траен прекин на огнот, на што се противат и САД и Израел.