понеделник, 28 октомври 2024

Состаноците на кабинетот на Нетанјаху на тајна локација од безбедносни причини

Владата на Бенјамин Нетанјаху нема да се состане во неговиот кабинет, ниту во штабот на армијата, од безбедносни причини, јавуваат израелските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Јавниот сервис Кан извести дека новиот протокол е веќе во сила од денеска.

Веб-страницата Инетњуз (Ynetnews) објави дека состаноците се преместени поради обиди за напади врз политичари и владини симболи и дека повеќе нема да се одржуваат на фиксни локации.

Новинската страница објави дека таквата одлука е донесена како одговор на неодамнешниот напад со беспилотно летало на либански Хезболах врз куќата на Нетанјаху во Цезареја.

Потоа беше најавено дека на денешната седница на Владата што се одржува на новата локација нема да им биде дозволено да присуствуваат на советниците на министрите.

Како што е соопштено, министрите утрово биле изненадени поради пораката дека местото на средбата се менува и дека таму нема паркинг, ниту место каде што може да чекаат советниците.

На министрите им било кажано и дека нема да смеат да влезат со оружје во зградата доколку дојдат вооружени.

И покрај безбедносните закани, состанокот наводно не се одржува во новоизградениот подземен бункер надвор од Ерусалим.

Подоцна беше потврдено дека одлуката за промена на локацијата на состанокот е донесена поради нападот со дрон врз куќата на Нетанјаху.

Во тој напад беше причинета помала штета во момент кога Нетанјаху и неговата сопруга не биле во таа куќа и немало повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ