недела, 27 октомври 2024

Сообраќајната полиција казни 514 возачи за брзо возење

За време на радарски контроли на улиците и патиштата низ Македонија за брзо возење сообраќајната полиција казни 514 возачи.

 

Објавено на

часот

Сподели

Од казнетите 514 возачи, 49 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шестмина возеле со брзина од дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 200 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 314 надвор од населено место, велат од МВР и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ