петок, 18 октомври 2024

Со врачување на Рациновото признание на бугарскиот поет Тотев ќе бидат затворени јубилејните Рацинови средби

Објавено на

часот

Сподели

На свеченоста ќе биде врачено Почесното Рациново признание за 2023 на Пламен Тотев од Бугарија

Наградата како што беше појаснето во образложението на жири комисијата на средбите, му се доделува за посебен придонес кон преводот од македонски јазик, издавањето на публикации и  промовирањето на македедонската книжевност и култура во Бугарија.

Пламен Тотев е литературен критичар и истражувач, издавач и автор на текстови на популарни песни во Бугарија. Роден е на 23 март 1964 година во градот Ловеч. Дипломирал бугарска филологија на Универзитетот „Свети Климент Охридски“. Специјализирал историска поетика на бугарската книжевност. Објавил бројни написи од книжевна критика.

Во издавачките куќи „Изида“ и „Персеј“ од Софија, до 2023 година издал 55 книги преведени од македонски на бугарски јазик од 34 македонски автори.

На затворањето ќе се одржи и традиционалниот меѓународен поетски митинг.

Годинава Рациновите средби под слоганот „Рацин-без компромис“  се одржуваа со богата програма која започна на 9 јуни, а ќе заврши вечер на 15 јуни.

Организаторите Општина Велес и градоначалникот Марко Колев како и ЗГ „Плус публика“, кое доби делегирана надлежност за организирање на оваа реномирана културна манифестација вечер на затворањето со слободен влез ги покануваат сите заинтересирани граѓани.

Концертот на Зарина Првасевда кој требаше да се одржи вечер на отворено е презакажан за 20 јуни во 20 часот на отворено во реновираниот Амфитеатар на Младинскиот парк во Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ