понеделник, 18 ноември 2024

Со влезот во ЕУ, Македонија ќе го заштити националниот идентитет, вели ирскиот премиер Варадкар (ВИДЕО)

Од релативно сиромашна држава пред 15 години, Ирска како членка на Европската Унија (ЕУ) успеа економски да зајакне и да овозможи просперитет за младите генерации. Затоа Ирска ѝ дава целосна поддршка, Македонија да стане членка на ЕУ, вели во видео изјава премиерот на Ирска, Лео Варадкар по вчерашната средба со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски во Гранада, Шпанија. Тој нагласува дека ЕУ го штити и почитува националниот идентитет на земјите членки. Во видое пораката, Варадкар говори и за економскиот развој и придобивките кои Ирска ги има како членка на ЕУ.

Објавено на

часот

Сподели

„Ирска целосно го поддржува барањето на Северна Македонија да стане членка на Европската Унија. Ние се приклучивме на ЕУ пред 15 години, бевме неразвиена држава, дури и релативно сиромашна држава, според европски стандарди. Приклучувањето на ЕУ ни помогна да ја трансформираме нашата економија, да ја надградиме, за да можат младите да останат дома и да ги градат своите животи таму, како и да откријат и други можности”, вели во видео обраќањето ирскиот премиер.

Варадкар, истакнува дека членството на Ирска во ЕУ, помогнало земјата да го заштити својот национален идентитет. Премиерот на Ирска посакува што побрзо Македонија да стане членка на големото европско семејство.

„Членството во ЕУ ни помогна да го заштитиме и сочуваме нашиот национален идентитет. Многумина во тоа време велеа дека Ирска ќе биде проголтана од големата Европска Унија, но Унијата не функционира така. Таа ги почитува националните идентитети и диверзитетот. И со нетрпение очекувам Северна Македонија да се приклучи на семејството на ЕУ што е можно побрзо”, вели Лео Варадкар, премиерот на Ирска.

На маргините од третиот Самит на Европската политичка заедница, во Гранада, Шпанија, Варадкар вчера оствари средба со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски на која меѓу другото било разговарано за „пријателските односи меѓу двете држави, кои се без отворени прашања, како и заинтересираноста  за натамошно унапредување на односите и интензивирање на соработката во сите домени од заеднички интерес, пред сè на економски план“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ