сабота, 19 октомври 2024

Со „Турбо-нет“ почнува фестивалот за краток филм во Галичник

Утре почнува фестивалот за краток филм во Галичник со филмот „Турбо-нет“, во сценарио и режија на Надежда Панова.

Објавено на

часот

Сподели

Улогите ги толкуваат млади и искусни глумци меѓу кои Катина Иванова, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Сашо Тасевски, Исидор Јовановски, Илија Волчески, Ивана Павловиќ, Игор Трпчевски, Петар Стојанов, Надица Дојкоска, и Петар Горко. Сценографијата е на Дејан Ѓошевски, камерата на Лашло Кадар, а извршен продукцент е Виктор Павловски.

Филмот е приказната за едно семејство, и неговите предизвици после смртта на таткото, сопственик на Турбо-Нет, првото интернет кафуле во градот, и центар на друштвениот живот на почетокот на векот.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм и фондот Синефором, Женева, ко-продукција на Пирејфилм, Скопје, и Камера300, Швајцарија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ