Ново апсење на северот на Косово.
Специјалните сили на косовската полиција уапсија лице од српска националност под сомнение дека учествувало во нападот врз припадниците на КФОР на 29 мај, кога беа повредени десетици војници.
Министерот за внатрешни работи на Косово рече дека сите напаѓачи ќе бидат изведени пред лицето на правдата и нагласи дека ќе ја продолжат борбата против бандите чија цел е „да ги тероризираат граѓаните и да ја дестабилизираат земјата“.
Џељаљ Свецла изјави и дека група од 15 до 20 лица синоќа на север нападнала двајца млади Албанци. Се трага по напаѓачите.