среда, 4 декември 2024

Лавров во декември оди во ЕУ, првпат од 2022 година

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров планира да ја посети Малта во декември за да учествува на состанокот на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), објави денеска весникот Ведомости, цитирајќи ја портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа ќе биде негова прва посета на која било земја од Европската Унија откако Русија во февруари 2022 година испрати десетици илјади војници во Украина.

Амбасадата на Малта во Русија потврдила за Ведомости дека одлуката да се одржи состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ на островот на 5 и 6 декември „се однесува на сите членки, вклучително и на Руската Федерација“.

„Делегациите на ОБСЕ се редовно информирани за напредокот на подготовките. Дополнителни практични детали, вклучително и покани, ќе бидат испратени до сите делегации на ОБСЕ во догледно време“, соопшти амбасадата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ