четврток, 14 ноември 2024

Снег во Делчево, Берово, Пехчево и М. Каменица

Пијанечко-Малешевскиот регион утрово е под снежна покривка која е најизразена на повисоките места. Во градот Делчево и околните села снежната покривка е минимална, додека врнежи од снег утрово има и во општините Македонска Каменица, Берово и Пехчево.

Објавено на

часот

Сподели

Патиштата се проодни, а сообраќајот засега се одвива без проблеми. Апелираме да се почитува сообраќајната сигнализација и да се почитуваат условите на патот, истакнаа од подружницата на Македонија пат.

Од делчевските воспитно образовни установи известија дека превозниците кои сообраќаат до училиштата во руралните средини навреме ја извршиле својата обврска.

Во моментот во делчевско најмногу снег има наврнато на планината Голак, во село Тработивиште, како и на подрачјето на селото Ѕвегор во близина на Граничен премин Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ