сабота, 26 октомври 2024

Словенија ќе даде милион евра за купување муниција за Украина

Словенија се приклучи на чешката иницијатива да се купат милион парчиња артилериска муниција за Украина од трети земји, соопшти денес словенечкото министерство за надворешни работи за агенцијата СТА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украина би требало да ја добие првата испорака на муниција во јуни. Според соопштението на словенечкото министерство, владата разговарала за чешката иницијатива на седница во четвртокот, но не откри повеќе детали за словенечката новинска агенција.

Прага предложи купување муниција за Украина од трети земји, бидејќи на Европската Унија ѝ недостигаат производни капацитети за муниција.

Според Еуроактив, повеќе од 15 земји се спремни да го финансираат купувањето, а меѓу нив не се само земји од ЕУ, туку и Канада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ