Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови во северозападна и централна Словенија, додека војската, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ги ослободат останатите и да ги расчистат улиците.
„Имаме добар пакет на итна, среднорочна и долгорочна поддршка за Словенија“, рече Фон дер Лајен за време на посетата на поплавеното подрачје.
Таа додаде дека Словенија може да побара помош од Фондот на ЕУ Следна генерација, кој ѝ става на располагање 2,7 милијарди евра и додаде дека 3,3 милијарди евра од други фондови на Унијата кои веќе ѝ се доделени на Словенија може да се пренаменат за итна помош по поплавите.
„Десетици илјади куќи се поплавени а неколку илјади семејства сега се во очај и се прашуваат како ќе ги преживеат следните недели и месеци“, изјави словенечкиот премиер Роберт Голоб.
„Нашата порака до нив е јасна, помошта ќе биде брза, ефикасна и никој нема да биде заборавен“, додаде тој.