недела, 20 октомври 2024

Славески: Штом не доаѓаа на седници, советниците на Град Скопје писмено да ѝ поставуваат прашања на Арсовска

Веќе 8-9 месеци немаме седница за советнички прашања која била успешна, но ние ги закажуваме седниците затоа што во Деловникот за работа на Советот пишува дека секој втор месец, на почетокот на месецот се закажува таа седница“, кажа претседавачот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.

Објавено на

часот

Сподели

Причините зошто и вчера градоначалничката не се појави на седница на Советот не ги знаеме. Очигледно госпоѓата градоначалник Арсовска решила до крајот на мандатот да не одговара на прашања од членовите на Советот, рече Славески во гостување на ТВ 24.

Тој посочи дека практиката е претседателот на Советот писмено да се обрати кога планира таква седница и да понуди неколку датуми. Тој го направил тоа на 20-ти ноември, понудени биле датумите 6 и 14 декември. Но, на тоа тој не добил одговор. И кога поминал рокот за закажување на седница на 6 декември, тогаш поради деловничката обврска седницата била закажана на 14-ти декември.

„Седницата не се одржа затоа што најголемиот број од советниците и од двете поголеми коалиции, едната предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а другата од СДСМ имаат став кој што го искажуваат на почетокот на секоја седница, а тоа е дека кога отсуствува градоначалникот Арсовска не постојат услови за да се одржи седница“, рече тој.

Славески појасни дека ги охрабрува советниците писмено да поставуваат прашања бидејќи Арсовска и службите се должни да одговорат во рок од 30 дена.

„Ние досега имаме одржано 39 редовни седници, 9-10 вонредни и сите се завршени и затворени“, укажа тој. 

За китењето на градот во пресрет на празниците, Славески рече дека можеби ќе беше подобро да беше недела – две претходно.

„Но еве како Совет немаме никаква надлежност во врска со тие оперативни активности на Град Скопје. Тоа е целосно во рамките на надлежностите на градоначалникот и на секторите на Градот“, истакна Трајко Славески, 

Славески додаде дека нема информација колку чини украсувањето на градот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ