вторник, 26 ноември 2024

„Скопски пазар“ купи голем дел од акциите на Доне Таневски во „Македнија турист“

Доне Таневски, најголемиот акционер во „Македонија турист“ вчера продаде голем дел од своите акции и сега наместо 23,4% од капиталот, поседува само 17,72 отсто. Фатмир Етеми, акционерот во „Скопски пазар“, го зголеми својот удел во хотелскиот гигант „Македонија турист“.

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно член 34 алинеја 7 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, известуваме дека Доне Таневски, претседател на Надзорниот одбор на Македонија турист АД Скопје, продаде 25.669 обични акции издадени од Македонија турист АД Скопје и сега поседува 80.160 обични акции, односно 17,72%“, објави Македонска берза.

„Скопски пазар“ сега поседува 10% од вкупниот број на обични акции, односно вкупно 45.230 акции со право на глас во хотелиерската компанија.

„Согласно член 38 став 1 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, известуваме дека акционерот Скопски пазар акционерско друштво за услуги во прометот и трговијата увоз-извоз Скопје купи 730 обични акции и сега поседува 45.230 односно 10,00% од вкупниот број обични акции издадени од Македонија турист АД“, објави Берзата.

Претседател на Надзорниот одбор на „Скопски пазар“ е бизнисменот Фатмир Етеми, кој е еден од најмоќните градежници и инвеститори во Македонија.

Во новата акционерска структура на „Македонија турист“ од неодамна е и „М.Г. Фешн ДОО“ со 7,69 проценти од вкупниот број обични акции на компанијата (34.795 акции).

Просечната цена на акциите на „Македонија турист“ е 8.293 денари за една акција.
Претходно, долгогодишна бизнис партнерка на Таневски, Сања Бибановска, продаде  11 отсто од своите акции (50.953) во „Македонија турист“, компанија која ги поседува хотелите „Холидеј Ин“, „Карпош“, „Бест Вестерн“, „Белви“, „Водно“, „Јадран“ и „Бристол“ во Скопје.
„Македонија турис“ поседува 4% од акциите  на „Комерцијална банка“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ