Во првиот случај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М. (27) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело измама.
„Лицето ќе биде предадено на надлежна казнено поправна установа“, информираа од МВР.
Во вториот случај, вчера, полициски службеници од полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Г.С. (30) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело кражба.
„Лицето ќе биде предадено на надлежна казнено поправна установа“, информираше МВР.