недела, 20 октомври 2024

Скопје сега е 4-ти најзагаден град во светот, од Градот сакаат да користиме други податоци

Наспроти демантот од Град Скопје, каде што се вели дека главниот град на Македонија не е меѓу најзагадените во светот, ниту во Македонија, и се посочува на која светска интернет-страница да се повикуваме, најновите податоци на специјализираната страница за следење на квалитетот на воздухот во 100 главни или големи градови во светот, Ервижуал сега Скопје го стави на четвртото место според „нездравиот и опасен воздух“. 

Објавено на

часот

Сподели

Koлку е релевантна страницата на која се повикува МКД.мк покажува и фактот дека вчера водечките светски медиуми, повикувајќи се токму на податоците на Ервижуал, јавија дека Сараево е на првото место во светот според загаденоста на воздухот. И МКД.мк ја објави веста за Сараево, како што тоа го сторија и медиуми од регионот, но и многубројни познати и влијателни медиуми од светот.

д

Утрово, кога Скопје беше „дебело“ потонато во магла, јавивме дека главниот град на Македонија е на деветтото место. Притоа се повикавме и на домашната интернет -страница Еко-Скопје, за следење на квалитетот на воздухот, според чии податоци воздухот беше загаден, а одделни населби, како Маџир Маало, кое и ние го посочивме, во тој момент имаа далеку позагаден воздух од просекот на загаденоста што беше извлечен за многумилионскиот Њу Делхи, кој се наоѓаше на првото место во светот.

За жал, медиумите не можат многу да помогнат за почист воздух ако за тоа не се заложат властите со конкретни брзи и долгорочни мерки. Со деманти и обвинувања за ширење лажни вести (фраза што политичарите се научија да ја користат и кога треба, и кога не е можно) и со уверувања дека не се дише загаден воздух ништо не се постигнува. 

Тие што загадуваат и прават профит ќе продолжат да го прават тоа ако санкциите се благи, нередовни или селективни, депониите ќе се „самозапалуваат“ кога никој не ги гледа, граѓаните соочени со ниски примања ќе продолжат да се греат на што стигнат доколку општиот стандард не се подобри, сообраќајот ќе загадува колку што загадува кога градскиот превоз не е електрифициран или комплетно не е на гас, а приватните автомобили се по 20 и повеќе години стари, што пак е во зависност од платите, биле тие редовни или не.

И во магливите денови со голема концентрација на ПМ2,5 и ПМ10 честичките, луѓето над 60 години ќе одат на работа додека три дена по ред, властите, а кој друг, не измерат висока загаденост на воздухот, над „дозволеното“.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ