сабота, 19 октомври 2024

Скопјани пијат здрава и безбедна вода, велат од Водовод и канализација

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат резултатите од испитувањата направени на 194 примероци на 49 мерни места во градот.

Објавено на

часот

Сподели

„Секторот за санитарна контрола во периодот од 11 до 15 декември зеде 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, се вели во денешното соопштение од Водовод и канализација.

Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ