Според информациите од Министерството за внатрешни работи, починатиот го пронашле пожарникарите кои го изгасиле пожарот.
„Во четири часот и десет минути, во Секторот за внатрешни работи Куманово било пријавено дека во село Отошница настанал пожар во куќа, сопственост на Т.М. од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ранковце, а во куќата бил пронајден починат сопственикот. Увид на местото извршила екипа од ОВР Крива Паланка и се работи на расчистување на случајот“, информираше портпаролката на СВР Куманово, Ивана Младеновска.
Увидот на полицијата сѐ уште трае, а градоначалникот Борче Спасовски изрази жалење за немилиот настан и сочувство до фамилијата на починатиот.