сабота, 26 октомври 2024

Скопјанец одлежал 15 години затвор за дрога, полицијата пак го фати во криминал и го уапси (ВИДЕО)

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материјали заедно со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, САЕ Тигар и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по насоки од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје спровеле криминалистичко истражување од септември 2023 до јануари 2024 година за Р.К. од Скопје, кој претходно бил осуден и издржал казна затвор од 15 години за продажба на дрога.

Фото: МВР

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР денеска соопштија дека во текот на истрагата обезбедени се материјални докази и утврдено е дека Р.К. набавувал кокаин, хероин и марихуана и потоа ги препакувал и ги препродавал по цена од 3000 денари за пакување кокаин, од 600 до 1000 денари за пакување хероин и 600 денари за пакување марихуана. Во текот на истрагата, се посочува во соопштението, обезбедени се докази дека Р.К. продавал дрога на поголем број луѓе.

„На 14.01.2024 во координација со САЕ Тигар во населбата Гази Баба во Скопје извршени се претреси на три локации. При претресите се пронајдени кокаин, три дигитални ваги и друго, а во деловниот објект се пронајдени 21 компјутери со монитори и гејмерска опрема, разновидна компјутерска опрема вредна околу 120.000 евра, за кои постои сомнение дека се купени од парите од продажба на дрога“, пишува во соопштението од МВР.

По приемот на кривичната пријава, во текот на утрешниот ден, информираат од МВР, ОЈО Скопје ќе донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори. До Основниот кривичен суд Скопје ќе биде доставен предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

„Во текот на постапката, против осомничениот ќе биде спроведена и финансиска истрага. Доколку се потврдат сомненијата дека пронајдената опрема, превозни средства и недвижниот имот се стекнати со финансиски средства остварени со продажба на наркотична дрога, Јавното обвинителство ќе поведе постапка за конфискација, во согласност со законските одредби“, соопшти МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ