недела, 27 октомври 2024

Скопјанец незаконски продавал петарди, полицијата го фати и го уапси

Полициски службеници на подрачјето на Бит Пазар денеска лишиле од слобода скопјанец откако на неговата импровизирана тезга била пронајдена поголема количина пиротехнички средства.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска околу 14 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода М.Р. од Скопје. При контрола на негова импровизирана тезга била пронајдена и одземена поголема количина разновидни пиротехнички средства“, соопштуват поладнево од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против него ќе поднесе пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ