понеделник, 21 октомври 2024

Скопјанец избегал од Идризово, полицијата го фати и го врати назад во затвор

Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје уапси осуденик баран со потерница за издржување на затворска казна од 12 години и десет месеци, соопшти денеска  Министерството за внатрешни работи (МВР).

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведува во соопштението на МВР, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера го уапсиле 34-годишниот Ј.С. од Скопје кој поради бегство од затворот Идризово кој бил баран со потерница по наредба на Основниот кривичен суд Скопје.

„Ј.С. бил осуден на казна затвор од 12 години и 10 месеци во врска со член 188 ст.1 и чл. 236 ст. 1 т.1 в.в чл. 22 и чл. 24 од  Кривичниот законик. Тој ќe биде спроведен во надлежната казнено-поправна установа“, наведува МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ