понеделник, 21 октомври 2024

Скопјанец фатен додека крадел дрва

На магистралниот пат за Граничен премин Долно Блаце, вчера во 17.45 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода И.А.(49) од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

МВР денеска соопшти дека при преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било утврдено дека врши нелегален транспорт на нежигосани огревни дрва, со истечена регистрација на возилото и без важечка возачка дозвола.

Возилото и дрвата биле одземени, а лицето било приведено и предадено во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ