вторник, 26 ноември 2024

Скандал во Швајцарија: Политичарка по потекло од Босна пукаше во слика од Богородица и Исус (ФОТО)

Санија Амети, швајцарска политичарка со босанско потекло и заменик претседател на движењето Операција Либеро, е во центарот на скандал откако на Инстаграм објави фотографија на која пука во Богородица со бебето Исус во рацете.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Аукциската куќа Колер е позната по своите раскошни уметнички каталози. Еден од мотивите, приказот на Марија со детето Исус, особено и се допаднал на Санија Амети како мета за пукање.

На Инстаграм, Амети, која сака да го поминува слободното време на стрелиште, објави две фотографии на кои пука во ликот на Марија и Исус.

На фотографијата, на која е прикажана снимка од блиску, може да се видат дваесетина дупки од куршуми.

Блик ја праша Амети зошто ги избрала Марија и Исус за своја цел. После тоа, таа веднаш ја избриша објавата и побара прошка.

Нејзиното објаснување на Инстаграм гласеше: „За да пукам на 10 метри, ми требаа предмети што беа доволно видливи. При рака го имав само каталогот Колер, кој беше доволно голем. Не обрнав внимание на содржината на сликата. Тоа не беше во ред. Искрено, се извинувам ако повредив некого“!

Во интервју за Блик, Амети беше уште појасна: „Тоа беше апсолутно глупаво од моја страна. Не размислував за тоа, многу ми е жал. Ги молам луѓето што ги повредив да ми простат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ