Како што соопштија од СПМ, со Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства се уредуваат посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства, како и условите и постапката за нивното остварување.
„Со примената на законот се утврдија голем број на недостатоци при остварувањето на правата на припадниците на безбедносните сили во Министерството за одбрана и Армијата и Министерството за внатрешни работи, односно различна примена и нееднакво спроведување на правата предвидени во самиот закон. Доколку се погледне целиот текст на законот, речиси и да (нема) право да му следува на неповреден припадник на безбедносните сили и сметаме дека оваа неправда треба да се исправи и во предлозите што денес ги доставуваме да бидат составен дел од законот, каде ќе биде опфатена наведена наведената категорија на припадници на безбедносните сили“ се појаснува во соопштението.
Од СПМ прецизираат дека со овој Предлог закон со додавање на неколку измени се додаваат права на припадниците на безбедносните сили, права кои со постоечкиот закон им припаѓале единствено на загинат или повреден припадник на безбедносните сили (Право на ослободување при користење на здравствени услуги, предност при вработување, стан под закуп, еднократен паричен надоместок, образование за децата на бранителот …).
Од СПМ ги повикуваат сите пратенички групи да го подржат овој предлог-закон, да дадат подршка и да го стават во процедура за донесување и што побргу истиот биде изгласан во Собранието.