петок, 18 октомври 2024

Симеон Мони Дамевски реизбран за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Објавено на

часот

Сподели

Мони Дамевски презентираше извештај за минатогодишното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера. Покрај тоа, тој најави и богата програма и реномирани гости на годинашното издание на „Браќа Манаки“, кое е планирано да се одржи во втората половина на септември.

Симеон Мони Дамевски дипломирал актерство на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а магистрирал на Ратгерс, државниот факултет на Њу Џерси во САД, каде од 1990 до 1992 година бил и асистен по глума.

Во 40-годишната кариера играл во театар и на филм („Пред дождот“ и „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ мегу другите), продуцент е на „Враќање“ и „Војната заврши“ на Митко Панов и на 6 документарци, а очекува и продукција на две негови филмски сценарија. Син е на еден од легендарните македонски актери, Дарко Дамевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ